Sales and refund policy

Почитувани корисници Ви благодариме за посетата на нашата веб страна.
Ве молиме да одвоите време и да се запознаете со ПОЛИТИКАТА НА ПРОДАЖБА И НАПЛАТА за веб страната на ЕЛИНГ, Скопје, www.eling.com.mk. Оваа политика се однесува и се применува на сите наши домени и поддомени, а се појавува на дното од веб страната. Со тоа ќе ги разберете Вашите права како купувач и начинот на кој ќе бидат наплатени, заменети или поправени производите купени од нашата продавница.
Постојат услови кои се однесуваат на трансакциите направени во продавницата на Елинг. Со правење нарачка или купување во продавницата на Елинг, Вие се согласувате со условите кои се утврдени подолу заедно со политиката на приватност и условите на користење поставени од Елинг.

 

Цени и корекции на цени

Што се однесува до цените Елинг го задржува правото за промена на цените прикажани во електронската продавница и се оградува од грешки во цените кои се ненамерно направени.

 

Попусти, ваучери и рестрикции

Врз основа на содржината на Вашата кошничка може да добиете одредени попусти за кои навремено ќе бидете известени. Овие попусти можат да бидат во вид на намалување на цената на одредени производи или намалување на целата цена на производи во кошницата. Исто така може да добиете попусти како бесплатна испорака на Вашата нарачка. Може да искористите и ваучер за дополнителен попуст. Со цел правилно да ги користите овие попусти прочитајте ги следните услови и ограничувања:

Намалување на цената или попуст (вклучува и ваучери) се применуваат само доколку производот не е веќе на попуст, односно два попусти не се кумулираат. Пример: доколку има викенд попуст на комплет производи од Вашата кошница, и во меѓувреме се генерира дополнителен попуст, новиот попуст се пресметува на основната малопродажна цена. Потоа двата попуста се споредуваат и клиентот го добива оној попуст кој е најповолен за него;

Попустите со ваучер се однесуваат на целосната вредност на кошничката и не можат да се додадат на друг постоечки попуст. Пример: доколку вредноста на кошничката е 20 000 денари и во неа има производи кои предизвикуваат 10% попуст вредноста на кошничката ќе изнесува 18 000 денари. Доколку користите ваучер за намалување од 15%, намалувањето ќе се пресмета на 20 000 денари и клиентот ќе го добие попустот од ваучерот бидејќи е поповолен за него;

Во една нарачка може да се употреби само еден ваучер.
Пресметка на ДДВ во зависност од земјата на испорака.
Вредноста на ДДВ во цената на производите зависи од земјата на испорака. За испорака во Република Македонија и Косово цените се со вкалкулиран ДДВ согласно законските прописи. За испорака во останатите земји цените се без вкалкулиран ДДВ. 

 

Прифаќање и потврда на нарачката

Откако ќе ја добиеме Вашата нарачка превземаме одговорност да Ве известиме дека нарачката е добиена. Ова не значи дека нарачката е прифатена и дека Логинг прифаќа да Ви го продаде наведениот производ туку е едноставна потврда за добиена нарачка. Елинг го задржува правото да ја прифати или одбие Вашата нарачка од било кои причини. Доколку Елинг одбие нарачка која е веќе наплатена, Елинг ќе изврши враќање на наплатениот износ.

 

Испорака

Тековната испорака на вашата нарачка може да биде под влијание на многу настани надвор од контрола на Елинг откако ќе биде испорачана, затоа Елинг не превзема одговорност доколку се доцни со одредена испорака. Но секако заедно со вас ќе настојуваме да обезбедиме навремена испорака.

 

Достапност на производи

Со оглед на популарноста на некои производи, може да се јави потреба Елинг да го ограничи бројот на производи достапни за купување и покрај тоа што ќе се обидува да ги обезбеди што е можно поскоро, Исто така Елинг го задржува правото за промена на количеството на производи достапни за купување во секое време, дури и доколку е веќе направена нарачка. Може да се случи Елинг да ја потврди вашата нарачка но тековно да добие информација дека не може да се обезбеди нарачаниот производ во потребната количина. Во овој случај Елинг ќе ја откаже нарачката и во целост ќе ги рефундира средствата кои сте ги платиле.

 

Доколку имате било какви прашања поврзани со продажбата и наплатата, Ве молиме контактирајте не.
Контакт:е-mail: eshop@eling.com.mk
Елинг
бул. Србија бр. 13 
1000, Скопје, Република Македонија
Тел. +389 (02) 2770 500

*Информациите содржани во оваа политика се предмет на промена од време на време, без претходна најава.
Ве молиме прочитајте го и следете го овој документ, а ние гарантираме безбедност и едноставна трансакција.