Почитувани корисници Ви благодариме за посетата на нашата веб страна.
Ви ја приложуваме политиката за враќање на производи со која се уредува Вашето право за рекламација на производи.
Следнава Политика за враќање на производи се однесува за веб страната на ЕЛИНГ, Скопје, www.eling.com.mk Оваа политика се однесува и се применува на сите наши домени и поддомени, а се појавува на дното од веб страната. Целокупната продажба извршена преку оваа интернет страна е во согласност со “политиката за враќање“ на производи на Елинг. Корисникот може да враќа производи во Елинг и да добие рефундирање на средства, под следните услови:
Со цел да се избегнат било какви компликации и недоразбирања, производот купен од нашата електронска продавница не смее да се врати без претходно да не известите на: eshop@eling.com.mk. Откако ќе бидеме известени, ќе се погрижиме процедурата за враќање на производот да започне правилно и производот да биде заменет или да се овозможи делумно/целосно враќање на средствата. Без претходно известување до нашиот комерцијалист, не превземаме обврска за замена на производот или враќање на средствата и Вие самите ги превземате трошоците настанати во целиот тој процес.
Враќање на производ е дозволено исклучиво доколку производот е неоштетен и е во неговото оригинално пакување заедно со сите додатоци во рок од 14 дена од денот на купопродажбата за целосно да бидат вратени средствата. Производот мора да биде вратен во Елинг лично или по пошта во соодветно пакување и со оргиналната фискална сметка или фактура испратени на адреса: Елинг, ул. Огњан Прица 41-а,1000 Скопје, Република Македонија.
Корисникот мора да ги следи сите поединечни специфични инструкции дадени од Елинг во врска со ракувањето на производот и неговото враќање во Елинг. Сите трошоци околу испораката ги покрива корисникот. Во случај на враќање на производ во Елинг кое не е во согласност со условите наведени во потточките 1 -2 , (на пример подоцна од 15 дена од датумот на купопродажба, во состојба различна од оригиналната, без фискална сметка или фактура или во неиспрaвна состојба), Елинг ќе го одбие враќањето на производот и ќе го врати истиот кај корисникот, при што корисникот ќе ги сноси сите трошоци за враќањето и испораката.
Политиката на враќање на Елинг исклучува враќање на софтвер, калибрирани производи, полупроводнички елементи и специјално произведени производи во Елинг по нарачка на корисникот. Елинг не превзема никаква одговорност за било какво оштетување или загуба при транзитот на производите од корисникот до Елинг или за било кој друг предмет кој ќе пристигне со производот.
ДОКОЛКУ имате прашања во врска со враќањето на производи контактирајте не користејќи ја Онлајн Контакт Формата.
Сите промени во Политиката за враќање на производи ќе бидат навремено објавени на веб страната. Може да ги најдете во секое време на она место на веб-страната кое мислиме дека ќе биде најсоодветно.
Ве молиме прочитајте го и следете го овој документ, а Ние гарантираме безбедност и едноставна трансакција.