Правила и услови за користење

Внимание! Ве молиме внимателно прочитајте ги овие услови пред да ја користите веб страната. Ако ги користите нашите услуги тоа значи дека ги прифаќате и сте согласни на овие услови. Ако не ги прифаќате ве молиме да не ја користете оваа веб страна.
Следниов документ содржи општи услови според кои Елинг им нуди услуги на своите корисници преку електронската продавница http://www.eling.com.mk. Оваа политика се однесува и се применува на сите наши домени и поддомени, а се појавува на дното од веб страната. Овие услови ги обврзуваат сите корисници.

 

Правила за користење на сајтот

Елинг како креатор и сопственик на оваа интернет страна ви дава право да ги разгледувате сите материјали кои се публикувани во неа само за лична употреба, со нетрговска цел, под услов дека ги почитувате сите авторски права и соодветните ознаки. Не се дозволува материјалите на оваа страна да се променуваат на некаков начин, ниту да бидат копирани, јавно распространувани или разделувани за каква и да било општествена или трговска цел. Забранета е и нивна публикација на други веб страни. Материјалите на оваа страна се под заштита на Законот за авторско право и други права и секоја недозволена употреба може да биде нарушување на авторското право, права врз трговски марки и други законски определби.

 

Општи одредби

Информацијата што е вклучена во овој сајт го презентира моменталниот поглед на Елинг за темите што се дискутирани на самиот датум на публицирање. Бидејќи Елинг мора да се прилагодува на промените на условите на пазарот, сајтот не треба да се сфати како понуда или договор со Елинг, а Елинг не може да гарантира за точноста на било која информација после датумот на издавањето на било кој документ во сајтот. Овој сајт може да служи само за информативни цели. Елинг не гарантира ниту експлицитно ни имплицитно за овие информации.

 

Информации

Информацијата што е ставена на сајтот е дадена "таква каква што е" без било каква гаранција од било кој вид. Елинг ги одбива сите гаранции, експлицитни или имплицитни, вклучувајќи ги и гаранциите за деловност и погодност на информацијата за било која намена. Во никој случај Елинг и/или неговите добавувачи не се одговорни за штетите што евентуално би настанале вклучувајќи ги и директните, индиректните, случајните, загубата на деловниот профит или специјалните трошоци, дури и во случаи ако Елинг и/или неговите добавувачи се советувани и предупредени за можноста на вакви штети.

 

Приказ на слики и бои на производи

ЕЛИНГ НАСТОЈУВА НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА ДА ПРИКАЖУВА СЛИКИ ЗА ПРОИЗВОДИТЕ ШТО Е МОЖНО ПОПРЕЦИЗНО. СЕПАК, НЕ МОЖЕМЕ ДА ГАРАНТИРАМЕ ДЕКА СЛИКАТА ШТО ЈА ГЛЕДАТЕ ОДГОВАРА НА ПРОИЗВОДОТ. ИСТО ТАКА, ПРИКАЗОТ НА БОЈАТА ШТО ЈА ГЛЕДАТЕ ДЕЛУМНО ЗАВИСИ И ОД МОНИТОРОТ ШТО ГО КОРИСТИТЕ.

 

Ограничување на одговорноста

Елинг, неговите доставувачи или трети лица не носат никаква одговорност за какви и да било штети, штети од пропуштена можност, од загуба на информација и др. кои произлегуваат од употребата, неможноста за употреба или резултатите од употреба на овој сајт, и тоа независно од постоењето или непостоењето на предупредување од Елинг за можноста да дојде до такви штети. Во случај кога после користењето на оваа страна или нејзини материјали од Ваша страна дојде до појава на штета, за која е неопходен ремонт, сервисирање или поправка, Вие ќе ја сносите целата одговорност и сите трошоци поврзани со отстранувањето на нанесените штети.

 

Препратувања кон други веб сајтови кои се сопственост на трети лица

Како дополнително средство за информирање, Елинг Ви обезбедува линкови до сајтови кои што припаѓаат на други фирми, кои што не се под контрола на Елинг. Елинг ниту ги прегледува, ниту регуларно ги надгледува, ниту пак има некакви одговорности за содржината на ваквите сајтови. Фактот дека Елинг поставил врска до ваков сајт не смее да се третира како негова одговорност и Елинг не превзема никаква одговорност за нивната содржина.

 

Препратувања кон овој сајт

Вие можете да создадете препратување кон овој сајт од други сајтови, но само според прифатените услови на Елинг. За повеќе информации по ова прашање ве молиме да се поврзете со нас на посочените координати. info@eling.com.mk

 

Престанок на користење на интернет страната

Елинг го задржува правото да ја прекине Вашата продажна сметка како и Вашата корисничка регистрација или слични кориснички права на оваа интернет страница. Вие сте лично одговорни за секоја направена нарачка или уплата од Ваша страна, пред да настане забраната. Елинг го задржува правото за промена, стопирање, или прекинување целосно или само на некои делови од оваа интернет страна во секое време, без претходна најава. После активирање на забраната Вие немате повеќе право на корисничка регистрација, сметка или слични права на користење на интернет страната. Нашите сопственички права, одрекувањето од гаранции и надоместоци и од разни регулативи не можат да бидат одземени, намалени, ограничени, укинати или поништени во сите случаи.

 

Контакт

Доколку имате дополнителни прашања за условите, политиката и општите услови за користење на оваа интернет продавница контактирајте не.
е-mail: info@eling.com.mk  
Елинг д.о.о
Бул. Србија бр. 13
1000 Скопје, Република Македонија
Тел. +389 (02) 2770 500

*Информациите содржани во оваа Политика се предмет на промена од време на време, без претходна најава.
Ве молиме прочитајте го и следете го овој документ, а Ние гарантираме безбедност и едноставна трансакција.